Москва лута поради договор меѓу ЕУ и Украина

Русија соопшти дека ветувањето на Европската Унија оти ќе помогне во модернизирањето на украинската гасна инфраструктура претставува непријателски акт против Москва. Неделава Брисел потпиша договор за соработка со Украина, кој предвидува модернизација на гасоводниот систем. Москва, која извезува голем дел од гасот преку украинските гасоводи, е лута поради тоа што таа не беше вклучена во преговорите.