Разговори Карзаи- Обама за новата стратегија за Авганистан

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека американскиот претседател Барак Обама го информирал за новата стратегија на Соединетите Држави во Авганистан. Според соопштението од Карзаи, претседателот Обама го побарал вчера и го информирал за главните точки од планот. Во соопштението не се дадени повеќе детали околу новата стратегија. За новиот план во понеделникот американскиот пратеник за Пакистан и Авганистан Ричард Холбрук разговараше со амбасадорите на НАТО, но не беа соопштени повеќе информации.