Пирати киднапирале два европски танкери

Европската Унија соопшти дека два европски танкери биле киднапирани во близина на брегот на Сомалија во изминативе 24 часа, а останатите бродови во регионот се предупредени на активности од пиратите. Во соопштението се наведува дека грчки брод од девет илјади тони, со екипаж од 19 членови бил киднапиран вчера. Вториот брод, кој и припаѓал на Норвешка е киднапиран денеска источно од Сомалија.