Пуштен во употреба системот за интегрирано гранично управување

Во Министерството за внатрешни работи денеска свечено беше пуштен во употреба системот за интегрирано гранично управување. Реализацијата и пуштањето во употреба на системот е последен од техничките услови што Македонија треба да го исполни за целосна визна либерализација со Европската Унија.