Британија со намалено учество во мисијата ЕУЛЕКС

Британската Влада поради заштеди во буџетот ќе го намали бројот на своите службеници во мисијата на ЕУЛЕКС, но Лондон ќе продолжи да обезбедува поддршка за Косово, финансирајќи ги клучните позиции во ЕУЛЕКС и во Меѓународната цивилна канцеларија соопшти денеска британската амбасада во Приштина. Ваквиот чекор, се наведува во соопштението, сепак ,,нема да го измени силното уверување на Владата во Лондон дека ЕУ треба да продолжи да игра клучна улога во развојот на Косово како независна земја.“