ОН го одобри назначувањето на Валентин Инцко

Советот за безбедност на ОН денеска го одобри назначувањето на австрискиот дипломат Валентин Инцко за висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. Валентин Инцко беше првиот австриски амбасадор во БиХ по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Тој позицијата меѓународен претставник во Босна и Херцеговина ја презема од Мирослав Лајчак, кој стана министер за надворешни работи на Словачка.