Францускиот амбасадор Валеро ги поздравува успешните избори

Франција и честита на Македонија за успешно спроведениот прв круг од локалните и претседателските избори одржани на 22 март. Францускиот амбасадор во Македонија Бернар Валеро во писмената изјава по повод изборите, изразува желба и вториот изборен круг да помине во мирна атмосфера и без насилства. Се со цел овој изборен процес во целост да може да го зајакне патот кон европска иднина на земјата, вели амбасадорот Валеро.