Убиени двајца руски локални лидери

Градоначалникот на градот Кировск на северот од Русија, Иља Келмазон и уште еден висок претставник биле убиени денеска од страна на локален бизнисмен. Како што јавуваат руските агенции, бизнисменот ги застрелал Келмазон и директорот на комуналната служба во градот Сергеј Макимов, во канцеларијата на градоначалникот каде што оддржувале состанок. Веднаш потоа извршил самоубиство. Денешниот, е последен во низата напади врз локални лидери во Русија.