Тополанек со критики за американскиот стимулативен план

Премиерот на Чешка Мирек Тополанек, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ го критикуваше американскиот план за излез од економската криза оценувајќи го како ,,пат кон пеколот“. Обраќајќи се пред Европскиот Парламент, Тополанек изјави дека огромниот стимулативен план на претседателот Барак Обама би можело да ја наруши ,,стабилноста на светскиот финансиски пазар.“ Стимулативниот план за излез од економската криза на американската администрација изнесува 787 милијарди долари.