Романија доби 27 милијарди долари помош од ММФ

Меѓународниот Монетарен Фонд, заедно со Европската Унија и Светска Банка и одобри кредит од 27 милијарди долари на Романија за излез од економската криза. Претставникот на ММФ во Романија, Џефри Френкс изјави дека станува збор за две-годишен стенд бај аранжман. Романија, по Унгарија, Летонија, Украина и Србија, е петта држава која доби обемна финансиска помош од Меѓународниот Монетарен Фонд.