САД со честитка за мирните избори во Македонија

Соединетите Држави ќе соработуваат со новиот претседател на Македонија што ќе биде избран на 5 април, изјави на редовниот брифинг за новинарите во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд. ,,САД и честитаат на Македонија и на нејзините граѓани затоа што претседателските и локалните избори на 22 март минаа мирно и без насилство. Граѓаните на Македонија заслужуваат честитка за излегувањето на гласање во голем број и покрај снежното невреме,, рече Вуд. Демонстрирањето капацитет за спроведување успешни избори е клучно за македонскиот прогрес во евроатлантската интеграција. Ја повикуваме Владата и другите релевантни институции во Македонија да ги продолжат напорите во наредните две недели за да се овозможат безбедни, слободни и фер услови и во вториот изборен круг на 5 април, изјави Вуд.