Усвоена заедничка изјава на состанокот „Адриатик-Балтик-Атлантик“

Министрите за надворешни работи на иницијативата Адриатик-Балтик-Атлантик на денешниот состанок во Рига усвоија заедничка изјава во која, меѓу другото, се поздравува успешното спроведување на демократските избори во Македонија и изразија очекување дека Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО. Министрите во заедничката изјава посочуваат и дека интеграцијата на Западен Балкан во НАТО и ЕУ, е неопходна за долгорочна стабилност на регионот и Европа.