Турскиот Претседател Абдула Ѓул во Ирак

Турскиот Претседател Абдула Ѓул ја продолжува историската посета на Ирак со денешните разговори со Нерчирван Барзани – премиер Курдски регион. До состанокот во Багдад доаѓа ден по самоубиствениот бомбашки напад во кој во курдскиот град Џалула загинаа над 20 лица. Турскиот Претседател вчера побара од ирачкиот Претседател Џалал Талабани, курд по националност, да ја укине Курдската Работничка Партија која од северен Ирак врши напади врз турска територија. Оваа партија во меѓувреме го одби повикот на Претседателот Талабани за прекин на борбите против Турција и напуштање на ирачката територија.