Седница на Советот за безбедност за Косово

Во Њујорк синоќа се одржа седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации , посветена на ситуацијата во Косово на која беше разгледан извештајот за ситуацијата на Косово на генералниот секретар Бан Ки Мун.Во извештајот се вели дека косовската Влада дејствува како независна држава, која Србија и српското малцинство одбиваат да ја признаат, поставувајќи ја поради тоа Светската Организација во тешка положба. Шефот на УНМИК Ламберто Занијери оцени исто така ја оцени ситуацијата на Косово како претежно стабилна, но напомена оти и натаму постојат етнички тензии особено во Косовска Митровица.