Десетгодишнина од бомбардирањето на СРЈ од страна на НАТО

Денеска се одбележуваат десет години од почетокот на воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Годишнината во Србија ќе биде одбележана со звукот на сирените на пладне и со полагање венци на спомениците на жртвите. Владата на Србија ќе одржи посебна седница отворена за медиумите на која ќе се обрати премиерот Мирко Цветковиќ.