На повидок нова „енергетска војна“ Русија-ЕУ

Рускиот премиер Владимир Путин предупреди дека Русија ќе ги преиспита односите со земјите од ЕУ доколку не бидат земени предвид нејзините интереси во енергетската област. Декларацијата усвоена во Брисел меѓу Украина и ЕУ за модернизација на украинскиот гасоводен транспортен систем тој ја оцени како непромислена и непрофесионална. Тој рече и дека е бесмислено да се одлучи за зголемување на испораката на рускиот гас низ територијата на Украина без основниот испорачател Русија, затоа што тоа „едноставно е несериозно“.