Ирак, Турција и САД заедно во борба против тероризмот

Ирак, Турција и САД ќе продолжат да соработуваат во борбата против припадниците на Курдската работничка партија (ПКК), изјави турскиот претседател Абдула Ѓул, кој престојува во Багдад, што е прва посета на еден турски претседател во последните 33 години. Тој нагласи дека важно место во таа борба зазема соработката со регионалното раководство на северен Ирак. Ѓул се согласи со ставот на ирачкиот претседател Џалал Талабани, кој е Курд, дека тероризмот е појава која треба да биде искоренета. Талабани изјави дека сепаратистичката ПКК мора да го остави оружјето или да го напушти Ирак.