Обама го поздрави планот за решавање на економската криза

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е уверен дека планот на неговата администрација за ,,чистење“ на т.н. токсични имоти на банките, со користење на владините фондови и федералните резерви, ќе го поддржи приватниот капитал и ќе помогне да се одмрзне кредитниот пазар. Обама изјави дека станува збор за ,,правилна одлука.“ Веруваме дека ова е уште еден елемент кој што ќе биде апсолутно критичен за повторно обновување на кредитниот пазар, рече американскиот претседател додавајќи дека сепак тоа нема да се случи преку ноќ.