Инцко – Во ЕУ постои добра воља за прием на БиХ

Новиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави дека во Европската Унија постои добра воља за придружувањето на БиХ во Унијата, со тоа што лидерите во оваа земја мора ,,да ги одработат своите задачи.“ По средбата со еврокомесарите Хавиер Солана и Оли Рен, Инцко рече дека очекува добра соработка со Европската Унија.