Рикер – Изборите изминаа во добра атмосфера

Овие избори се на се минаа добро. Кампањата беше спроведена во позитивна атмосфера. Многу проблеми од минатиот јуни се надминати. Заслугата е главно на властите, на Државната изборна комисија, а голема заслуга секако имаат и граѓаните кои излегоа во голем број разбирајќи колку се важни овие избори за нивната иднина, оцени американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер. Според него, сега вниманието треба да се насочи кон вториот круг избори, бидејќи како што нагласи, тој е подеднакво важен за целосната слика за успешни и фер избори во Македонија.Нема место за заплашувања. На долги патеки властите ќе треба да се позанимаваат со гласачките листи и да ги решат сите нејаснотии, а и правниот систем во иднина треба да се фокусира така да оние кои вршеа насилства на ланските избори да бидат соодветно казнети, порача амбасадорот Рикер.