Раст на акциите на Дајмлер

Акциите на германскиот произведувач на автомобили Дајмлер пораснаа на берзите, ден откако беше обелоденето дека Инвестициониот фонд на Обединетите арапски емирати стануваат најголем акционер во таа компанија. Дајмлер кој ги произведува автомобилите Мерцедес Бенц и е еден од најголемите произведувачи на тешки камиони вчера соопшти дека државниот фонд на Абу Даби ќе инвестира скоро две милијарди евра во компанијата.