Турскиот претседател Ѓул во Ирак

Турскиот претседател Абдула Ѓул за време на дводневниот престој во Багдад ќе се сретне со неговиот ирачки колега Џалал Талабани, како и премиерот Нури ал Малики. Главна тема на разговорите се очекува да биде прашањето за курдските бунтовници. Ѓул е прв шеф на турската држава кој го посетува Ирак во изминативе над триесет години.