Нов план за спас американски банки

Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер се очекува денеска да ги обелодени деталите од планот за спас на разнишаниот банкарски систем во земјата. Тој за Вол стрит Џурнал најави дека администрацијата на Барак Обама е подготвена за таа цел да интервенира со над петстотини милијарди долари. На оваа најава веднаш реагираа берзите во Азија кај кои веќе е забележан пораст од неколку проценти.