Шефот на дипломатијата Милошоски на Балтичка турнеја

Министерот за надворешни работи на РМ Антонио Милошоски од денеска ќе престојува во неколкудневна официјална посета на Летонија, Естонија и Литванија. Во разговорите со највисоките претставници на трите балтички земји ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и проширување на вкупната соработка, како и за продолжување на поддршката што овие земји ја даваат на напорите на Македонија за интегрирање во НАТО и ЕУ.