Гашпарович во водство на претседателските избори во Словачка

На вчерашните претседателски избори во Словачка, сегашниот претседател Иван Гашпарович е во водство со освоени 48% од гласовите, но не доволно за да го избегне вториот круг гласање. Кандидатот на опозицијата Ивета Радичова освои 37 отсто од гласовите. Граѓаните на Словачка во вториот круг, кој треба да се оддржи за две недели, ќе бираат помеѓу Гашпарович и Радичова. Од околу 4 милиони регистирани гласачи, на вчерашниот прв круг од гласањето излезноста била нешто повеќе од 40 отсто.