Можни проблеми за утрешните избори поради невремето?

Денешното гласање на внатрешно раселените лица, оние што се на издржување казна затвор или притивор, како и болните и немоќните, се одвиваше без проблеми соопштија од Државната Изборна Комисија. Овие лица гласаа ден пред утрешните претседателски и локални избори. Од ДИК соопштуваат дека обилните снежни врнежи и непристапноста до некои места, ја отежнуваат испораката на гласачкиот материјал за утрешните избори. Како што соопштија од Државната Изборна Комисија, тие се во постојан контакт со Општинските изборни комисии за надминување на проблемите. Владата на денешната вонредна седница одлучи да бидат мобилизирани сите служби за расчистување на снегот во текот на денот и ноќта, со цел непречено одвивање на утрешниот изборен процес. Утре гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Нешто повеќе од 1 милион 792 илјади гласачи ќе избираат меѓу седумте кандидати за претседател на државата, 370 претенденти за градоначалници и за околу 700 кандидатски листи за општински советници.