Директорот на ЦИА во посета на Пакистан

Новиот директор на американската разузнавачка служба (ЦИА) Леон Панета, е во посета на Пакистан, на разговори со властите, по предупредувањата од локалните лидери за зголемување на американските ракетни напади врз цели на Ал Каеда и талибанските бунтовници, во внатрешноста на земјата, на границата со Авганистан. Пакистанските лидери се спротивставуваат на нападите, бидејќи според нив загинале многу цивили, и се поткопуваат напорите на владата да ги неутрализира екстремистите во овој дел од земјата.