Инаугуриран новиот претседател на Мадагаскар

Лидерот на опозицијата Ендру Раџоелина денеска е инаугуриран за нов претседател на Мадагаскар. По серијата протести и насилства, минатата недела поранешниот претседател Марк Раваломанана се повлече од функцијата и ја предаде власта во рацете на војската, која му даде поддршка на Раџоелина. На денешното негово инаугурирање присуствувале околу 40 илјади приврзаници.