САД разочарани од одлуката на Шпанија да ги повлече војниците од Косово

Соединетите Држави ја критикуваа Шпанија поради одлуката, до август, да ги повлече своите војници од НАТО мисијата на Косово. Портпарол на Стејт Департментот изрази длабоко разочарување од одлуката на Шпанија, нагласувајки дека тоа е и во спротивност со договорот на НАТО сојузниците од 1999-та година дека заедно влегуваат на Косово и заедно ќе излезат. Шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро вчера изјави дека шпанските сили ќе се повлечат од Косово бидејки безбедносната ситуација била подобрена.