Иран не гледа промени во политиката на Обама

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави денеска дека не гледа промена во американската политика и покрај пораката на претседателот Барак Обама до Иран. Хамнеи оцени дека Обама изнел слоган за промени, но оти промени нема. Инаку, Обама повика на нов почеток во односите меѓу Соединетите Држави и Иран, заснован врз работа за мир.