Северна Кореја потврди дека се уапсени две американски новинарки

Северна Кореја денеска потврди дека на 17-ти март привела две американски новинарки на границата со Кина. Според северно-корејските медиуми, новинарките биле уапсени кога се обидувале илегално да влезат од Кина во Северна Кореја. Соединетите Држави уште пред неколку дена објавија дека две новинарки се уапсени и изразија загриженост за нивната судбина.