ЕУ ги зголемува фондовите за економска помош - финална изјава

Лидерите на Европската Унија се согласиле двојно да го зголемат Фондот за помош на членките кои не го користат еврото. Ова на крај од дводневниот самит го изјави чешкиот премиер Мирек Тополанек во својство на Преседавач со Унијата. Се наведува дека како заем на источните земји членки ќе им бидат овозможени 50 милијарди евра, поради проблемите предизвикани од економската криза. Тополанек најави и дека Унија ќе му понуди на ММФ 75 милијарди евра екстра заеми за спас на земји од кризата и нејзина превензија. За овие фондови на ММФ ќе стане збор и на престојниот самит на Г – 20.