Москва очекува вистинско подобрување на односите со Вашингтон

Рускиот Претседател Дмитриј Медведев изјави дека се надева на вистинско подобрување на односите со Соединетите Држави на средбата со Претседателот Барак Обама. Медведев и Обама ќе се состанат во Лондон на 1 април во предвечерието на самитот на Г 20. Односите Москва – Вашингтон беа нарушени за време на администрацијата на Џорџ Буш поради планот за распоредување американски одбранбен систем во Чешка и Полска, како и во по августовската војна против Грузија.