Караџиќ бара прецизирање на обвинителниот акт

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ побара денеска од Хашкиот трибунал да му наложи на Обвинителството дополнително да го прецизира обвиненителниот документ во однос на обвинението за заеднички злосторнички потфат, бидејќи смета дека со постоечките наводи непотребно се усложнува веќе и онака комплицираниот процес против него. Обвинението содржи еден „главен“ здружен злосторнички потфат и три други, кои Обвинителството ги поврзува со една заедничка цел, насочена кон протерување на муслиманите и Хрватите од територијата на БиХ во ’90-те години од минатиот век.