Шест години од почетокот на инвазијата врз Ирак


Денеска се одбележува шестата годишнина од почетокот на инвазијата, предводена од Соединетите држави, со која беше соборен режимот на Садам Хусеин во Ирак. Годишнината се одбележува во услови на опаѓање на насилството во земјата, но и на подготовка на ирачките сили да ја преземат безбедноста од американските сили. Тие во наредниве три месеци би требало да се повлечат од поголемите ирачки градови, а до две илјади и единаесетата година и целосно да се повлечат од Ирак.