Сомалиски пирати грабнале грчки брод

Грција потврди дека сомалијски пирати вчера грабнале еден грчки товарен брод во Аденскиот залив. Бродот Титан со екипаж од дваесет и четири луѓе, испловил од Црно Море и превезувал челик. Сомалиските пирати во минатата година грабнаа повеќе од сто и триесет бродови. Сомалија е сиромашна земја која е разорена од граѓанска војна и во која скоро дваесет година нема централна влада.