Во Авганистан убиени 30 талибанци

Американската команда во Авганистан соопшти дека во најновите борби во јужната провинција Хелманд биле убиени триесетина милитанти. Во соопштението се наведува дека до борбите дошло откако сојузничките сили провериле дека во делот од регионот за кој се смета дека е главното засолниште на талибанците немало цивилно население.