Во Брисел продолжува самитот на ЕУ за економската криза

Во Брисел продолжува средбата на државните и владините лидери на земјите од ЕУ. Чешкиот премиер Мирек Тополанек, чија земја претседава во Европската Унија, соопшти дека синоќа било договорено дека за оздравување на светското стопанство и економија треба да се воведат многу построги финансиски и даночни контроли, средување на банкарскиот и финансискиот пазар, како и обновување на трговијата и интезивирање на преговорите за либерализација на светската трговија. Тополанек изјави дека ова и официјално ќе биде вообличено на денешното продолжение на Самитот во Брисел.