Автомобил бомба експлодира во центарот на Атина

Автомобил наполнет со експлозив синоќа експлодира пред зградата на Компанијата за државна сопственост во центарот на Атина, јавија грчките медиуми. Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина.