Започна состанокот на лидерите на ЕУ

Лидерите на 27-те земји членки на Европската Унија го започнаа состанокот во Брисел, на кој ќе се обидат за изградат заеднички став за излез од економската криза. Лидерите на Унијата најверојатно ќе се заземат за зголемување на капиталните средства на Меѓународниот монетарен фонд, во борбата против рецесијата. Состанокот е пред самитот на Групата 20 економски најразвиени земји што на почетокот на април ќе се одржи во Лондон. Европската Унија најави дека ќе издвои вкупно 400-тини милијарди евра во следните две години за опоравување на економијата, но Соединетите држави сметаат дека тоа не е доволно.