ММФ предвидува пад на светската економија во 2009 година

Светската економија во 2009-та година ќе забележи значителен пад кој ќе изнесува меѓу 0,5 и 1 отсто, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд. Ова е значителен пад за светската економија после 60 години, поради што сите држави ќе мора да вложат дополнителни напори за да се надминат последиците на кризата, соопштува ММФ.