Средба Санадер – Пахор

Премиерот на Словенија Борут Пахор и хрватскиот премиер Иво Санадаер денеска во Брисел разговарале околу најновите предлози на еврокомесарот Оли Рен за решавање на граничниот спор меѓу двете земји. Санадер по средбата изјави дека станува збор ,,за чекор понапред“ но не соопшти повеќе детали. Тој додаде дека ,,Словенија повеќе нема да има причини за натамошно блокирање на хрватските претпристапни разговори со ЕУ, доколку двете држави потпишат изјава дека во ниту еден документ по осамостојвуањето не ги прејудицирале границите.“