Папата Бенедикт 16-ти во Камерун

Христијаните и муслиманите споделуваат исти основни вредности, како што се семејството, покорноста кон бога, грижа за немоќните, изјави папата Бенедикт 16-ти во говорот во Камерун, на состанокот со муслимански претставници. Папата потоа одржа миса на стадион пред околу 60 илјади луѓе, на која присуствуваше и претседателот на Камерун Пол Бија. Папата Бенедикт 16-ти утре ќе замине во посета на Ангола.