Претседателот на Азербејџан со доживотен мандат

Според првичните резултати од вчерашниот референдум во Азербејџан, 92 насто од гласачите се изјасниле за укинување на лимитот од два мандата за претседателот на државата. Одзивот бил околу 71 насто и покрај повикот на опозицијата за бојкот. Со ова, претседателот Илхам Алиев би можел да остане на функцијата доживотно доколку победува на изборите. Илхам Алиев е претседател на Азербејџан од 2003-та година, кога го наследи својот татко Хајдар Алиев, кој беше лидер уште од времето на Советскиот Сојуз.