Уставниот суд го укина законот за стимулирање на наталитетот

Уставниот суд денеска го укина заканот за поттикнување на наталитетот во неразвиените општини во Македонија, што беше усвоен од Собранието, на предлог на владата, во септември минатата година. Законот предвидуваше парична помош за мајките за родено второ, трето и четврто дете во општините каде природниот прираст е под 2,1 посто. Според Уставниот суд со ваквиот закон се создава нееднаквост меѓу граѓаните.