Милошоски упати писмо до Бакојани

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски упати писмо до шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани во кое повикува на надминување на застојот на односите меѓу двете земји и на градење добрососедство и партнерство. Тој ја повикува грчката страна, да ги прифати трите македонски иницијативи предложени во рамки на состанокот околу преговорите за името што во јануари минатата година се оддржа во Охрид, кои предвидуваат потпишување на Декларација за пријателство и соработка, основање на Заеднички комитет за образование и историја, обновување на праксата за редовни констултации на различни нивоа, како и потпишување на билатерални спогодби во сите области од заеднички интерес. Тој изразува уверување дека со ова, двете влади ќе испратат силна порака за посветеност на тековните разговори за надминување на разликите околу името.