Талабани - Турција да ги амнестира курдските сепаратисти

Ирачкиот претседател Џалал Талабани ја повика Турција да ги амнестира милитантите од Курдската работничка партија. Во интервју за турскиот весник Сабах, Талабани посочува дека е убеден дека сепаратистите од Курдската работничка партија ќе го положат оружјето и ќе го предадат во рацете на американските трупи во Северен Ирак, доколку Турција прогласи општа амнестија.