Се очекува скромен економски пораст во 2010

Претседателот на Европската Централна Банка Жан Клод Трише денеска изјави дека економскиот пораст ќе продолжи следната година, но оти 2009 ќе биде многу тешка година. Во 2010 би требало да има скромен пораст, но тоа зависи од нас, изјави Трише за француското радио Европа 1. Основниот проблем, според Претседателот на Европската Централна Банка, е враќањето на довербата меѓу владите, бизнис заедниците и потрошувачите.