Над 2 милона невработени во Британија

Бројот на невработени во Британија порасна на над 2 милона за прв пат во последниве 12 години, соопшти британскиот завод за статистика. Истовремено бројот на лицата кои побаруваат бенефиции како невработени пораснал на над 138 илјади, што е рекорд од 1971 година. Се стравува дека овие бројки покажуваат оти Британија е во подлабока рецесија отколку што се претпоставувало.