Изгласана доверба на француската влада

Францускиот парламент синоќа и изгласа доверба на владата на претседателот Никола Саркози, по неговата одлука Франција повторно да влезе во заедничката команда на НАТО. Со 329 гласови „за“ и 238 „против“ парламентот ја поддржа надворешната политика на владата по неколкучасовната остра дебата. Одлуката за засилување на односите со НАТО ја критикуваа пратеници и од левицата и од десницата, изразувајќи страхување дека со тоа ќе биде загрозена независноста на земјата.